Фатмир Меџити го раскина договорот за Клиничката болница во Штип: “Немаше абер од финализирањето на објектот“

Фирмата која требаше да ја гради Штипската клиничка болница од фрлањето на првата лопата во 2016 година до денес не испочитувала ниту еден од предвидените роковите за финализирање на градбата, па министерот за здравство Фатмир Меџити еднострано го раскинал договорот.

Главниот изведувач на болницата „Интраком констракшн“ во 2016 година добил 1,4 милиони евра во јули, па уште 1,5 милион во октомври, па уште 760 илјади евра во ноември 2016 година и требало да заврши со градбата до 2018 година.

Од МЗ неделава очекуваат да се активира банкарската гаранцијата, а потоа ќе следува објава на нова јавна набавка и избор на нов изведувач на градежните работи околу Клиничката болница во Штип.

Требало да биде изградена во 2018-та болницата во Штип, не е изградена. Па требало до 2023-та, до сега во јуни, што помина, требаше да се даде во употреба, не е дадена и јас постапив, го раскинав со сите права кои што ги имаме и ќе ја активирам и банкарската гаранција. Многу сум сериозен во моето делување и јас и тимот“, изјавил Фатмир Меџити за Макфакс.

Тој најави продолжување на градбата на болницата за најмногу шест месеци до кога се очекува да заврши целата процесуда околу новиот изведувач на градежните зафати.

Штипската болница како најголем клинички центар во источниот дел на Македонија се најавува од далечната 2016 година. Оваа регионална болница требаше да биде со површина од 34 000 м2, со 5 нивоа каскадно поврзани. Инвестицијата од 46 милиони евра се однесуваше на изградбата и на опремувањето на болницата со соодветна медицинска опрема и друг ентериер.