Фатмир Меџити: “Министерството за здравство е партнер на лицата со дијабет, потпишана е одлуката за набавка на ленти“
Министерот за здравство Фатмир Меџити денес на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Фатмир Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат.
„Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер“, се неведува во соопштението.
Денес е реализирано едно од нивните клучни барања. Потпишана е одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.
„Сите процедури во рамки на Министерството за здравство се завршени во најкраток рок, навистина жалам што набавката доцнеше, таа требала да се почне уште во декември од претходното раководство“, истакнал Фатмир Меџити на денешната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари, која се одржа пред најавениот протест.
Министерот информираше и дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина, посочуваат од МЗ.