Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред се’ во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност e до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, вели словенечката вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања Тања Фајон. -Вистина е дека, државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Северна Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Северна Македонија е трнлив и пред се’ болен. Уставните промени се клучни пред се’ за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани, вели меѓу другото Фајон во интервјуто за МИА.
Шефицата на словенечката дипломатија вели дека е клучно Северна Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите.
-Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа, дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите, децидна е Фајон.