Рик Мачи, познатиот тениски тренер на сестрите Вилијамс, се обиде да ја сумира приказната за „големата тројка“ во една реченица.
Тој е многу активен на Твитер, каде го сподели и своето мислење за „триаголникот“ Новак-Роџер-Рафа.
„Ако сакаме да ја сумираме „големата тројка“, Роџер Федерер го имаше најдобриот сервис, Рафаел Надал најдобриот врвен спин, а Новак Ѓоковиќ најдобрата кариера“, напиша Мачи на Твитер.
Мачи беше познат по тоа што претходно го пофали Ѓоковиќ, кого го смета за најдобар досега.
Како да не, кога српскиот тенисер има 24 грен слем титули, две повеќе од Надал и четири повеќе од Федерер.