„ФЕДЕРЕР КАКО ЏЕЈМС БОНД, А МИРКА КАКО КОКОШКА“ Остри коментари за сопругата на познатиот тенисер! Сите се смеат на нејзиниот фустан
Овогодинешната Мет Гала , која се одржа во понеделникот вечерта, беше посветена на покојниот моден маг Карл Лагерфелд , а сите гости се потрудија да донесат по некој детал карактеристичен за овој уникатен дизајнер. Така, имавме можност да видиме грст црно-бели комбинации, обоени јаки, мониста и слично.
Меѓу гостите, кои се проценуваа на повеќе од 400, најголемо внимание привлече Ким Кардашијан, која се појави во „безобразна“ креација, но друга дама ги остави сите во шок. Станува збор за Мирка Федерер, сопругата на еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт – Роџер Федерер.
Корисниците на социјалните мрежи не престануваат да се смеат на сликите кои се појавија во јавноста по овој гала настан, а споредбите што ги направија се урнебесни.
Мирка, чија мода не и е форте, пристигна држејќи се за рака со тенискиот ас, кој изгледаше врвно во смокинг, како Џејмс Бонд. Нејзината креација, сепак, го немаше ефектот на кој веројатно се надеваше. Облечена во нежно розов фустан од пердуви што и го врамуваше лицето, Мирка изгледаше како промотер на брза храна облечен во животински костим со пердуви.
За волја на вистината, самата креација е бајка, но не може да се негира дека воопшто не и одговарала на сопругата на пензионираниот тенисер. Коментарите на мрежите се урнебесни!
„Дали избегала од улицата Сусам?“, „Се плашам дека ќе кикоти на црвениот тепих“, „Каков контраст! Џејмс Бонд и кокошката – хит!“, не беа благи корисници на мрежите во нивните коментари.