Фезер: Зачестениот број откриени шпиони се должи на засилената работа на германското контраразузнавање
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер смета дека зголемениот број откриени случаи на шпионажа се должи на тоа што „нивото на закана е високо“, поради што контраразузнавачките служби презеле дополнителни заштитни мерки, јави ДПА.
Германската контраразузнавачка служба, официјално позната како Федерална канцеларија за заштита на Уставот, сериозно ги засили своите антишпионски мерки, изјави Фезер во интервју за Рајнише пост.
Од неа беше побарано да ги коментира кандидатите за европските избори на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Максимилијан Кра и Питер Бистрон, кои беа обвинети за врски со руски кампањи за дезинформација.
-Безбедносните служби открија дека врската на АфД со Русија се протега сè до нашиот парламент, рече Фезер. „Токму кон тоа цели рускиот претседател Владимир Путин. Тој сака да ја нападне нашата демократија и му требаат сили што може да ги искористи за да го направат тоа“, додаде германската министерка.
ДПА потсетува дека и пратеникот Кра, исто така, беше критикуван за неговите прокинески позиции, откако еден од неговите вработени беше уапсен под сомнение за шпионажа за Кина.