Фејсбук укинува една од омилените функции, но има решение

Доаѓаат лоши вести, бидејќи од септември Facebook и официјално ќе стави крај на опцијата која беше омилена меѓу корисниците.

Понекогаш може да биде прилично фрустрирачки кога Facebook Messenger со секоја апликација ќе праша дали сакате да го користите за испраќање СМС пораки, со сите „предности“ што ги носи.

Но, верувале или не, има многумина кои се токму за тоа – сите пораки на едно место. За нивна жал, стигнуваат лоши вести бидејќи од септември Facebook и официјално ќе ја прекине опцијата.

„По ажурирањето, кое ќе пристигне на апликацијата на 28 септември, корисниците повеќе нема да можат да го користат Messenger за испраќање и примање СМС пораки“, се вели во соопштението на Мета.

Затоа, се препорачува да ја вратите стандардната апликација за испраќање пораки, така што ќе отидете до поставките на телефонот и ќе изберете: Поставки > Апликации > Изберете стандардни апликации > апликација за SMS. Забележано е дека по ажурирањето, корисниците автоматски ќе почнат да добиваат СМС преку друга или поставена апликација.

Оваа опција за прв пат беше претставена во 2012 година, но Facebook многу брзо ја отстрани. Четири години подоцна, Facebook повторно ја имплементираше функцијата и ја задржа до сега. Којзнае дали ќе има трет обид…