Фидан: Во тек се подготовки за средба меѓу Ердоган и Трамп

Турскиот министер за надворешни работи изјави дека во тек се подготовки за состанок помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолија.

– Работиме на тоа да утврдиме дали средбата ќе се одржи во САД или во Турција, изјави министерот Хакан Фидан пред новинарите на дипломатскиот форум во Анталија, турски туристички центар.