Физичка пресметка во Собранието, пратеничката на СДСМ вели дека била нападната од пратеникот на ВМРО
За време на расправата за реконструкција на Владата, имаше обид на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ физички да се пресмета со пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Санела Шркијељ, која додаде дека обид за физички напад извршил пратеник од опозицијата од редовите на ВМРО.
„Вчера имаше таков напад, кој сакам да биде евидентиран во стенограмите на Собранието, бидејќи не беше говор на омраза, туку обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, не само вербален напад, туку обид. во ова Собрание се случи физичка пресметка со пратеник“, изјави Шкријељ.