Министерството за внатрешни работи соопштува дека две лица од Куманово, додека делеле изборен материјал, биле физички нападнати од две други лица.
На 16.10.2025 година, во 11:40 часот, во СВР Куманово, А.К. (32) и И.С. (33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија покажале агресивно однесување кон нив и им се заканиле, така што Р.Ш. физички ги нападнал.
Се преземаат мерки за расветлување на случајот и, во координација со јавниот обвинител, против нив ќе биде поднесен соодветен извештај.