Филаделфија без Ембид на стартот од полуфиналниот плејоф против Бостон

 Најдобриот стрелец сезонава во НБА лигата Џоел Ембид е неизвесен за првиот натпревар од вториот круг во разигрувањето против Бостон, изјави денеска тренерот на Филаделфија, Док Риверс.

Дваесетидеветгодишниот Камерунец го пропушти последниот тренинг на Филаделфија поради повреда на десното колено.

Ембид се повреди на третиот натпревар од првото коло во плејофот против Бруклин.

Сезонава Ембид има просек од 33.1 поени и 10.2 скокови по натпревар.