Филипче: Македонија се соочува со економска криза

„Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении. Трошоците за живот стануваат неподносливи, а граѓаните се оставени сами пред огромниот ценовен шок, падот на куповната моќ и луксузот на функционерите“, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Понижена Македонија – една година владеење“.

„Најтешко е неподносливата економска состојба и тешките трошоци за живот.“

„ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја втурнаа земјата во економска криза, го забавија растот на платите и им дозволија на трговците и моќниците да прават што сакаат со цените. Централното греење поскапе, цената на електричната енергија полудува. Граѓаните се плашат да ги отворат своите сметки за да проверат колку треба да платат секој месец“, рече Филипче.

Тој додаде дека, и покрај секојдневните тврдења од владата дека економијата расте, бројките покажуваат поинаква слика.

„Секој ден нè убедуваат дека имаме силен економски раст, но реалните бројки се брутални. Инфлацијата е речиси 4,5%, а растот е скромни 2,6%. За прв пат имаме негативен економски резултат, полош од воената 2001 година.“

„Граѓаните живеат на работ на достоинството, додека функционерите на Мицкоски и самиот тој трошат многу пари на луксуз, приватни авиони, скапа храна и хотели од соништата“, нагласи Филипче.

Тој нагласи дека народот никогаш не барал лесен живот, туку барал фер третман и вистина.

„Луѓето во земјата никогаш не живееле лесно. Со години се боревме со сиромаштија, се боревме за опстанок. Но, она што најмногу боли сега е леснотијата со која Владата нè убедува дека животот е добар“, рече Филипче.