Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за победата на изборите, иако конечните резултати сè уште не се објавени.
Филипче, во објава на Фејсбук, пишува дека Албанија ќе продолжи по патот на напредок, стабилност и европска интеграција.
„Искрени честитки до Еди Рама и до сестринската Социјалистичка партија за убедливата победа на изборите. Му посакувам многу успех во неговиот нов, четврти мандат. Убеден сум дека соседна Албанија ќе продолжи по патот на напредок, стабилност и европска интеграција. Оваа победа е уште една потврда дека граѓаните имаат доверба во социјалдемократските вредности и прогресивните политики. Со Един, се радувам на продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и јакнење на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, напиша Филипче.