Филипче: Наместо економски бум, Македонија го достигна крајот во Европа

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го нагласува драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати нуди само пропаганда.

„Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ досега изгуби 100.000 гласови. Таков пад на гласовите, таков дебакл едноставно не се случил во историјата на земјата за толку кратко време“, рече Филипче.

Тој предупреди дека владата се обидува да ја прикрие реалната состојба во земјата со агресивна пропаганда за односи со јавноста, но граѓаните не се наивни.

„Нè преоптоваруваат со информации, пропаганда, односи со јавноста дека создаваат економски бум. Што се случи? За бумот слушнавме дури кога си заминавме. Евростат излегува со податоци дека сме последна земја во Европа по економски размер“, нагласи Филипче.

Според него, Мицкоски зборува за вредности, отчетност и транспарентност, но со секој чекор ја негира сопствената реторика.

Тој потсети дека кога институциите се навистина чесни и ефикасни, резултатите зборуваат сами за себе, без да ја заведуваат јавноста со празни приказни.