Филипче: На клиниката за неврохирургија денеска извршивме интервенција кај пациент со церебрална анеуризма
На Клиниката за неврохирургија,
денеска извршивме интервенција кај пациент со церебрална анеуризма. Ова здравствено нарушување може да доведе до многу тешка клиничка слика кај пациентот. Интервенцијата траеше неколку часа, микроневрохируршки го обезбедивме протокот низ мозочните крвни садови. Пациентот по операцијата ќе помине период на постоперативно опоравување.
Во хируршката сала и денеска имав асистенција од моите млади колеги, д-р Ивица Коцевски и инструментарката сестра Маја. Максимално се вложуваме специјализантите да добијат соодветно знаење и потребно искуство. Позитивните резултати за кои взаемно придонесуваме се поддршка за континуиран развој на државната Неврохирургија.