Филипче: Немам поддршка само од Заев, туку и од други поранешни функционери

СДСМ не само што ќе опстане, туку ќе биде победничка партија, изјави поранешниот министер за здравство Венко Филкипче, кој денеска ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на СДСМ.

Актуелниот заменик пред седиштето на СДСМ рече дека има поддршка од поранешни функционери, меѓу кои и од поранешниот лидер Зоран Заев и дека не го прифаќа предлогот на неговиот противкандидат Јован Деспотовски, тој што ќе загуби на партиските избори да немаат право да бараат функција преку партијата во иднина.

„Тоа што имам одлични односи со Заев, но и добри односи со претходните функционери се добар предуслов за влез во партијата.

Мислам дека не треба да има никакви ограничувања. Претседавачот што треба да се избере мора самостојно да го формира тимот потоа. Не треба да има разделба на почетокот, тоа не ни требаше. Мора да има фер-плеј“, изјави Филипче.

Тој додаде дека со својата кандидатура ја презентира својата партиска програма која ја составил откако разговарал со членовите и ги скенирал нивните потреби.