Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес, како одговор на новинарско прашање во врска со новите откритија на Лабораторијата за истражувачко новинарство (ИРЛ) во врска со трагедијата во Кочани, изјави дека е потврдено она што го кажа јавно СДСМ, дека владата направила сè за да ги заштити своите функционери.
„Во изминатиот период видовме дека оваа влада направи сè за да ги заштити своите функционери во истрагата за Кочани, а сега гледаме дека тие практично беа многу чести и привилегирани гости во таа дискотека“, рече Филипче.
Тој нагласи дека токму поради јавните настапи и прес-конференциите на СДСМ беа откриени важни информации и факти, кои инаку не би биле дел од официјалната истрага.
„Да не беа нашите прес-конференции на кои откривме многу работи и факти, голем дел од оние што беа третирани немаше да бидат опфатени со истрагата. Со жалење морам да констатирам дека вчера мислам дека го видовме најгрдото лице на оваа влада“, нагласи Филипче.