Филипче: Новите директори во болниците ги заплашуваат вработените да не зборуваат за проблемите во здравството

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната власт дека не ги исполнила ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е сосема спротивна од предизборната реторика.

,,ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, врши брутална окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучните институции гледаме партиски кадри, братучеди и роднини. Системот за заслуги на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за секое вработување“, рече Филипче.

Потенцира дека состојбата е алармантна и во здравството и образованието.

„Болниците се преполни со основни медицински материјали, листите на чекање се долги, а новоименуваните директори ги заплашуваат здравствените работници да не зборуваат за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби“, додаде тој.

Според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останале само празни зборови.

„Кампањата што ја спроведоа се базираше на лаги, а граѓаните веќе почнаа да ја чувствуваат тежината на овие лаги. Ако владата продолжи со истите политики и во 2025 година, состојбата само ќе се влошува“, нагласи Филипче