Филипче: СДСМ нема предизборна коалиција ниту со ДУИ ниту со Левица

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека неговата партија нема предизборна коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица.

„Немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левицата. Не се согласувам со премиерот кога вели дека граѓаните имаат само две опции“, рече Филипче.

Филипче рече дека едната опција е прогресивна, проевропската опција, додека другата е лажна кампања со празни ветувања.
„Едната е прогресивна, проевропската опција, која нуди квалитетен кадар, луѓе кои докажале како да работат за граѓаните, а ова е СДСМ.

Другата е од ВМРО-ДПМНЕ, која служи со лажна кампања, кој докажа дека не се работници. Го блокираа и изолираа Скопје“, рече Филипче.