„Владата на СДСМ во најголемата здравствена и економска криза успеа да ги зголеми платите, Христијан Мицкоски и неговата Влада само покажуваат колку се неспособни, затоа што не можат да се соочат со предизвиците“, вели претседателот на СДСМ, Венк Филипче.
Тој истакна дека политизирањето на барањата на Синдикатот од страна на Мицкоски е навреда не само за синдикатите туку и за сите работници во Македонија.
„Мислам дека тоа е обид да се дефокусира вниманието на граѓаните и јавноста од навистина големите скандали што се случуваат на почетокот на работата на Владата – би рекол страшна неспособност на Мицкоски да се справи со сите предизвици. Ако Владата на СДСМ можеше да најде пари во најголемите кризи во кризата со ковид, енергетската криза на почетокот и за време на војната во Украина, навистина мислам дека тоа се приказни за мали деца или изговор да се каже дека нема пари во буџетот. “, нагласи претседателот на СДСМ, Филипче.
Тој истакна дека владата на СДСМ работела во интерес на работниците.