Филип Петровски обвини дека во ВМРО-ДПМНЕ се случува ‘педерска работа’: Сокриени ‘двоцевки’ го бранат Христијан Мицкоски !?

Поранешниот претседател на Унијата на млади сили (УМС) при ВМРО-ДПМНЕ, како и некој кој беше виден како наследник на Љубчо Георгиевски, Филип Петровски, се вклучи во јавната „војна“ помеѓу порнешниот и сегашниот лидер на партијата, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Социјалната мрежа Фејсбук стана вистинско „бојно поле“ за ВМРО-ДПМНЕ. Расколот кој подолго време се чуваше „под тепих“ излезе на површина, а главните актери се првите луѓе на партијата.

Никола Груевски и Филип Петровски

Македонската јавност со нетрпение ги следи и чита препукувањата преку објавите на социјалните мрежи, а денес со интересен статус се јави и Филип Петровски, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ.

Филип Петровски во статус на неговиот личен профил упати жестока порака до Христијан Мицкоки, а истата ви ја пренесуваме во целост:

Да е сигурен во себе не би му требало да го бранат разно разни ‘глумци’ удбашко-криминални структури на медиокритети (најчесто со купени дипломи) кои преку политика и дудлање станаа милионери, а сега со поеми си се ‘перат’ и може да се самопрогласат за ‘елита’.

Да е сигурен во себе не би му требало да го бранат и поранешни бугараши, сега трансформирани во антички Маќедонци. Истовремено сокриени ама мошне ангажирани ‘двоцевки’.

Да е сигурен во себе не би плукал на тој што буквално го измисли и го постави да биде ‘лидер’ (тоа секако никогаш не бил, а е болен да е), туку би му бил благодарен до крај на живот што му овозможи преку криење зад брендот да биде НОВАТА ФИНАНСИСКА ПОКОНДУРЕНА ЕЛИТА.

Да е сигурен, ама не е.

Педерска Работа, со опроштење до ЛГБТ, ама во наше време муабетот имаше сосема друго значење“, стои во статусот на Филип Петровски.

Токму на оваа тема, овој раскол во ВМРО-ДПМНЕ беше и вчерашната вонредна политича анализа на емисијата „ВО ЦЕНТАР“ каде новинарот Васко Ефтов дава одговор на сите пикантни прашања за овој конфликт кој допрва се очекува да ескалира. Емисијата можете да ја погледнете овде.