ФОТО | АРМИЈАТА НА САД ИМА НОВ КОМАНДАН – Големи промени во Пентагон: Пристигнува воен пилот, познат по емотивна видео-снимка

Сенатот го потврди назначувањето на генералот Чарлс Браун за нов командант на Aрмијата на Соединетите Американски Држави (САД).

Тој на крајот на месецот ќе ја преземе функцијата врховен командант од генералот Марк Мили.

Чарлс Браун, кого неговите колеги во американската Армија го нарекоа C-Q, беше номиниран од претседателот Џо Бајден уште во мај, опишувајќи го како – воин и бестрашен лидер.

Чарлс Браун
Џо Бајден и Чарлс Браун

Роден е во 1962 година во Сан Антонио, Тексас, а својата воена кариера ја поминал во воздухопловните сили каде служел како воен пилот и командант на ескадрила. Тој стана командант на воздухопловните сили во 2020 година, со што стана првиот афроамериканец што ја извршува таа висока воена функција. Тој заврши повеќе од 3.000 часа лет – вклучувајќи 130 борбени часа.

Тој го привлече вниманието на своите сонародници со многу емотивно видео, кое го објави по убиството на Џорџ Флојд, нагласувајќи дека и самиот лично доживеал како е да се биде со различна боја на кожа од мнозинството околу него, и на училиште и во единицата и на крај во самиот врв на државата.

Назначувањето, сепак, не помина без драма.

Томи Тубервил, републикански сенатор од Алабама, одлучи да ги саботира сите состаноци во Пентагон во знак на протест против одлуката на Министерството за одбрана на САД да ги осигура патните трошоци за своите вработени и нивните семејства во случај да одлучат да абортираат ако тоа не е достапно во државите каде живеат или се стационирани.

Се очекуваат и номинациите на генералот Ерик Шмит за командант на Маринскиот корпус и генералот Ренди Џорџ за главен советник и заменик државен секретар за Армијата.