Филков: Предлагаме судиите да се пензионираат на 67 години

Министерот за правда Игор Филков предупредува на зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите.

Филков на денешната прес-конференција по повод 100-те дена Влада појасни дека законското решение ќе треба да се изгласа во најбрз можен рок бидејќи судството може да се соочи со проблем.

„Имаме реален проблем и работиме на промените. Мислам дека предложената граница ќе биде 67 години и ќе важи за сите судии“, објасни Филков одговарајќи на новинарски прашања.

Недостигот од судии во македонските судови влијае на квалитетот на пресудите.

Повеќето судови работат со помалку од една третина од вкупниот број судии.

Тотален крах на правдата ќе има за 10-ина години доколку продолжи ваквата стапка на заминување и небирање на млади судии – покажа невладината анализа.