На руските и белоруските државјани ќе им биде забрането да купуваат имот во Финска, објавија тамошните власти.
Забраната, која стапи на сила вчера, е дел од напорите на Финска за зајакнување на својата национална безбедност, објавува „Телеграф“.
Финскиот министер за одбрана Анти Хакканен го опиша потегот како „важна реформа која беше оставена незавршена многу долго време“.
„Кога почнав во Министерството за одбрана, го сметав ова за недостаток и почнав со подготовките за трансакцијата на имотот пред околу две години“, напиша тој во X.
Тој продолжи велејќи дека оваа акција е насочена кон „зајакнување на безбедноста на Финска“ и „подготовка за сите средства за влијание“.