Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја укинаа забраната за учество на меѓународни натпревари за руските селекции до 17 години од момчиња и девојчиња.
„По одлуката на Извршниот комитет на УЕФА од 26 септември 2023 година да се дозволи повторно учество на руските репрезентации за девојки и момчиња до 17 години, Советот на ФИФА го одобри продолжувањето на оваа одлука на Светското првенство на ФИФА до 17 години и за момчиња и девојчиња“, објави фудбалската организација.
Репрезентациите ќе играат под името „Фудбалски сојуз на Русија“, а не „Русија“, а на тимовите нема да им биде дозволено да носат национална опрема, да го истакнуваат знамето или да ја изведуваат националната химна.
Суспензиите за руските сениорски репрезентации се уште се во сила.
„Советот на ФИФА ја повтори својата осуда за нелегалната војна на Русија во Украина и потврди дека преостанатите услови од одлуката донесена на 28. февруари 2022 година остануваат во сила до крајот на конфликтот“, се додава во соопштението.
Украинскиот фудбалски сојуз ја повика УЕФА да ја преиспита својата одлука со најава дека нема да игра на турнири во кои учествуваат руски тимови.
Англија, Норвешка, Шведска и Данска исто така објавија дека нивните млади селекции нема да играат против Русија и покрај одлуката на УЕФА.