УМРЕЛ ДОДЕКА СЕ ИГРАЛ СО ДЕЦАТА: Ненадејната смрт на популарен инфлуенсер – Откриена ПРИЧИНА!

Италијанскиот инфлуенсер Лоренцо почина на 40-годишна возраст.

Лоренцо (40), популарен италијански инфлуенсер, ненадејно починал во својот дом додека си играл со своите деца. Причината за смртта е срцев удар.

Човекот само падна на подот и лежеше неподвижен. Сите брзо реагираа, а полицијата и брзата помош беа брзо на терен. И покрај сите напори, инфлуенсерот почина недолго потоа, а три деца останаа без татко.

“Се чувствувам толку лошо. Не можам да верувам”, рекла неговата сопруга.

Тој се прослави, меѓу другото, и по семејните видеа кои многумина ги обожаваа. Сепак, тој беше познат и по своите тетоважи, а неговиот распуштен начин на живот им пречеше на многумина. Тој често објавуваше видеа на кои се вози луксузни автомобили и облечен во луксузни костуми.