Чудото од дете на Барселона исчезна од теренот без трага среде натпревар – се огласи и Чави: Еве за што се работи

На каталонскиот гигант не му беше лесно синоќа во Лигата на шампионитеБарселона сепак успеа да го победи Порто на многу напорно гостување и со тоа да остане на вистинскиот пат за нокаут фазата од најелитното европско клупско натпреварување. 

Во судиското надополнување на првото полувреме, кога веќе се очекуваше дека ќе може да се оди на пауза без голови, погоди Феран Торес. Поранешниот играч на Манчестер Сити, и покрај малку пораната фаза од играта, веќе влезе од клупата и како „џокер“ за Чави Ернандез ја реши играта.

Феран Торес го замени Роберт Левандовски. Полјакот се повреди, а по натпреварот тренерот Чави Ернандез изјави дека имал тежок удар во зглобот, но не се знаело колку време ќе биде надвор од теренот.

Посебно загрижувачка ситуација се случи за Барселона и во второто полувреме. Имено, младата сензација Ламине Јамал го напушти теренот во 71. минута, наводно за да оди во тоалет. Тој не се врати во игра, а беше заменет дури во 80. минута. Барселона затоа време играше со играч помалку речиси цели 10 минути. 16-годишното откритие на Барселона се чинеше дека „исчезна“ од теренот, а тренерот за тоа по натпреварот изјави:

Да, го немаше 10 минути. Играше болен, тоа го знаев и јас. На кратка пауза му реков слободно да трча во тоалет и да биде брз, но на крајот ми одговори дека нема да може да се врати на теренот“.

Ламине Јамал, да потсетиме, штотуку потпиша нов договор со Барселона, во кој е вградена откупна клаузула од една милијарда евра, а неодамна стана и најмладиот дебитант во историјата на шпанската репрезентација.