Ова е првата одлука на Ѓоковиќ по неочекуваниот пораз: Еве каков потег направи Новак штом пристигна во Париз (фото)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз каде ќе се натпреварува на Ролан Гарос.

Србинот изненадувачки беше поразен од Томаш Махач во полуфиналето на турнирот во Женева, а по мечот не очајуваше туку веднаш се упати кон главниот град на Франција.

Невообичаено е да се види Ноле како завршува турнир пред самиот крај, на што беше навикнат во текот на целата кариера, но оваа сезона најдобриот тенисер на светот нема ниту една титула, што е навистина необично.

Новак Ѓоковиќ

Загуби во полуфиналето во Монте Карло од Каспер Руд, потоа во 3. коло на Мастерсот во Рим од Чилеанецот Табиљо а потоа во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева од Махач.

По поразот во градот на Женевското езеро, Ѓоковиќ дојде во Париз каде според распоредот во сабота од 17:30 часот тренираше на теренот „Филип Шатриер“.

Секако дека Новак има време да се подготви пред Отвореното првенство на Франција каде во вторник ќе го одигра првиот меч против локалниот тенисер Ербер.