ФЛОРИДА- Трагедија во САД: Се судрија два авиони и паднаа во езерото (ВИДЕО)

Четири лица загинаа кога два мали авиони се судрија за време на лет над Флорида.

Авионите се судрија вчера околу 14 часот и паднаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите веднаш дошле на местото и пронашле еден авион приближно шест метри под површината на езерото, додека другиот бил делумно потопен.

  • Се судрија во воздух, двата авиони веднаш паднаа во вода. Спасувачите ги извлекле телата на четири лица кои биле во авионите – изјавил Стив Лестер (Стив) од канцеларијата на шерифот на округот Полк, како што пренесува NBC News.

Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Закари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд (67).

Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.