Фон Дер Лајен доаѓа во Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува за нова турнеја низ земјите од Западен Балкан, а нејзината прва дестинација ќе биде македонскиот главен град Скопје, на 24 октомври, објави бугарски БГНЕС, повикувајќи се на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Посетата на Фон дер Лајен доаѓа по одлуката на Брисел да ја оддели Албанија од Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. На 15 октомври Албанија треба да ја одржи втората меѓувладина конференција, по што ќе го отвори првиот преговарачки кластер. За Скопје процесот е во застој поради неспроведување на Преговарачката рамка со ЕУ, вклучително и условот да се промени Уставот и во него да се внесе бугарското малцинство.