Фон дер Лајен до Зеленски: Заедно ќе ја внесеме Украина во заедничкиот европски дом

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во своја објава на Инстаграм истакна дека со заеднички сили со Зеленски ќе ја закружат Унијата и му испрати порака на претседателот на Украина дека заедно ќе ја внесат Украина во заедничкиот европски дом.

„Ова е сон на хероите на Украина и на мачениците на Украина, И тоа е и наш сон. Заедно ние сме Европа. Да живее Европа и слава на Украина“, заклучи Фон дер Лајен во нејзината објава која доаѓа по нејзината неочекувана посета на Киев, Украина во пресрет на извештајот следата недела, во кој подробно ќе биде опишан напредокот на Украина во нејзините напори да се приклучи кон Европската Унија.