Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Манила се сретна со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор по што изјави дека ЕУ е подготвена да ја зајакне соработката со Филипините во областа на поморската безбедност.
– Подготвени сме да ја зајакнеме соработката со Филипините на полето на поморската безбедност преку процесите на размена на информации, спроведување на проценки на заканите и градење на капацитетот на филипинската крајбрежна стража, рече фон дер Лајен во заедничката изјава со Маркос.
Филипините се наоѓаат во област на геополитичко ривалство меѓу САД и Кина, со поморска територија која вклучува дел од Јужното Кинеско Море и стратешки и богат со ресурси воден пат врз кој Кина тврди дека полага право повикувајќи се на суверенитет.
Маркос и Фон дер Лајен разговараа и за рестартирање на преговорите за договори за слободна трговија и енергетика.