ФОРБС ЈА ОБЈАВИ ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИ РУСИ: Српскиот зет ја зазеде ПРВАТА позиција!

Заедничкото богатство на руските милијардери минатата година се зголеми од 353 на 505 милијарди долари.

Сопственикот на компанијата „Еврохим“ Андреј Мелниченко стана најбогатиот граѓанин на Русија , објави магазинот „Форбс“. Да потсетиме, Андреј е сопруг на Александра Мељниченко (45) од Белград, поранешна членка на танцовата група Моделс.

Мелниченко за прв пат се најде на врвот на руската листа на Форбс, а неговото богатство се зголеми повеќе од двојно за една година на 25,2 милијарди долари. Минатата година тој беше на деветтото место со богатство од 11,1 милијарди, пренесува Спутник.

Сопственикот на челичарницата во Новолипецк, Владимир Лисин , кој минатата година беше на првото место на руската листа, падна на третата позиција и покрај тоа што неговото богатство се зголеми од 18,4 на 22,1 милијарди долари. Сега на второ место е Владимир Потанин, чие богатство се зголеми од 17,3 на 23,7 милијарди долари.

Заедничкото богатство на руските милијардери порасна од 353 на 505 милијарди долари минатата година, според Форбс.