ФОТО\ВИДЕО | “БУРА НА ВЕКОТ“ БЕСНЕЕ ВО РУСИЈА, УКРАИНА И МОЛДАВИЈА – Милиони луѓе оставени без струја, бројот на загинати расте, а се огласи и Владимир Путин

Десет лица загинаа во невремето во Украина, соопшти во вторникот министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, а жртви се пријавени и во Русија и Молдавија.

Студени ветрови и бури ја опустошуваат јужна Украина од неделата, блокирајќи ги патиштата и предизвикувајќи прекин на електричната енергија.

Десет лица загинаа во областа на Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Ихор Клименко во објава на социјалната мрежа Телеграм додавајќи: „Дваесет и три лица се повредени, меѓу кои и две деца“.

слика
слика

Вкупно 411 населени места во 11 региони се без струја, а луѓето морале да бидат спасени од повеќе од 1.500 возила.

Во руските медиуми невремето го опишаа како – „бура на векот“, жестоката бура која однесе неколку животи ги пустоши јужните региони на Дагестан, Краснодар и Ростов-на-Дон од неделата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги следи извештаите за метеоролошки катастрофи и веќе и нареди на Владата да преземе мерки за помош на погодените региони“, изјави портпаролот на КремљДмитриј Песков.

слика
слика
слика

Министерот за енергетика на Русија изјави дека 1,9 милиони луѓе останале без струја.

Огромни бранови удриле во крајбрежните области на руското крајбрежје на Црното Море, според снимките од социјалните мрежи, додека брзината на ветерот на некои места достигнала над 140 километри на час.

Две тела се пронајдени во јужниот руски регион Краснодар, додека државните медиуми објавија дека еден морнар загинал меѓу Крим и Русија.

Во Молдавија се пронајдени тела на две лица во автомобил затрупан од снежни наноси во југоисточниот регион Коскали, објавија молдавските медиуми.