ФОТО+ВИДЕО | ГРЦИЈА ПОД ВОДА – Невремето беснееше 10 часа, а последиците се застрашувачки: “Уште не е готово…“

Еден човек е пронајден мртов, а стотици куќи и патишта се поплавени во пристанишниот град Волос во централна Грција во вторникот наутро, откако 10-часовна бура со грмотевици го зафати поширокиот регион. Сепак, се очекува невремето да беснее уште 24 часа.

Загинатиот човек бил сточар кој бил згмечен од ѕид кој се урнал за време на невремето во областа Агиос Георгиос, соопшти противпожарната служба на Грција. Неговото тело од под ѕидот го извадиле 10 пожарникари испратени на местото на настанот, пренесува грчки Ekathimerini.

Стотици возачи останаа заробени во своите автомобили на главните патишта што минуваат низ градот Волос. Огромни количества вода се слеваа од планината Пелион по улиците, која одводната мрежа не можеше да ја апсорбира, поради што на улиците се појавија порои.

Властите беа загрижени и за зголемениот водостој на потокот Крафсидонас, кој собира вода од Пелион и поминува низ неколку области на Волос пред да заврши на западната страна на пристаништето и заливот Пагасети.

слика

Во вторникот наутро нивото на водата се зголеми за три метри, што го доведе во опасност соседната област Агиои Анаргири. Подрумот на болницата „Ахилопулио“ бил наполнет со вода, а сите автобуски линии биле прекинати.

Поплави се забележани и во околните села, каде снабдувањето со електрична енергија било нестабилно.

слика
слика
слика
слика