ФОТО\ВИДЕО | Најсилното невреме во последните 30 години го погоди северот на Европа: Погледнете како изгледа Норвешка по бурата “Ингун“

Бурата „Ингун“, со удари на ветер од повеќе од 193 километри на час, ја погоди Норвешка. Домаќинствата во централните делови на земјата во четвртокот се разбудија без струја, а еден автобус излетал од патот североисточно од градот Берген. За среќа, ниту еден од 14-те патници кои се наоѓале во него не е повреден, јавува Sky News.

слика
слика

Некои области се поплавени, а поради урагански ветрови привремено се прекинати услугите на авиопревозниците и операторите со траект.

Имаше извештаи и за затворање училишта, патишта, тунели и мостови.

Во квартот Нордленд скршени се неколку хотелски прозорци, а полицијата во центарот на Бод издаде предупредување во кое се наведува дека постои „опасност по животот“.

слика

Штета претрпе и болницата во Харстрад. Фотографиите објавени во норвешките медиуми покажуваат дека рампата за слетување на хеликоптер е преполна со остатоци.

Плочките летаа насекаде, а видливоста е лоша“, изјави портпаролот на градот Оивинд Арвола за норвешката телевизија NRK.

Оваа бура норвешките метеоролози ја прогласија за најсилна во таа земја во последните 30 години. Во средата започна во централните делови на земјата, а во четвртокот се движеше на север. Метеоролошкиот институт издаде црвено предупредување за регионот на Арктикот.

слика