ФОТО\ВИДЕО | “ОВА Е ВИСТИНСКИ АРМАГЕДОН“ – Надреални сцени од бурата на векот: Огромните бранови го уништија омилениот град на Владимир Путин, милиони луѓе без струја, а има и мртви
Бурата на векот или „мегабура“, како што ја нарекуваат руските медиуми, во неделата ја погоди јужна Русија и анектираниот полуостров Крим, објавија спасувачките служби, а во соседна Украина повеќе од 2.000 места останале без струја, а автопатите биле блокирани.
Министерството за енергетика на Русија соопшти дека речиси два милиони луѓе останале без струја во понеделникот во Русија, потоа на анектираниот полуостров Крим и во четирите украински региони окупирани од Русија: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, пренесува медиумската агенција ТАСС.
Во областа на Краснодар каде се наоѓаат омилените летувалишта на Русите, Сочи и Анапа, невремето откорна стотици дрвја и уништи метални конструкции на плажите, а има и повредени, пренесуваат руските медиуми. Сцените од големото невреме можете да ги погледнете ОВДЕ.
И во Витиазеву кај Анапа невремето е причина за заглавувањето на големиот товарен брод „Blue Shark“, кој плови под знамето на Белизе, а како изгледа тоа на пристаништето можете да погледнете ОВДЕ.
Во Сочи, невремето го прекина железничкиот сообраќај бидејќи дрвја паднаа на шините, а во Новоросијск, исто така во областа на Краснодар, ударите на ветерот до 86 км/ч предизвикаа бранови високи 8 метри, а овие сцени можете да ги погледнете ОВДЕ.
На Крим, Црното Море ги поплави патиштата, а руската телевизија објави снимка од бранови кои ги мијат автомобилите додека возат. Погледнете ги последиците од бурата на Крим ОВДЕ.
Гувернерот на Крим, Сергеј Аксинов, на социјалната мрежа Телеграм објави дека го прогласил понеделник за неработен ден поради невремето и вонредна состојба на полуостровот во Украина, кој во 2014 година беше анектиран од Русија.
„Живеевме вистински Армагедон, жителите не се сеќаваат дека виделе ветер и бранови со таква јачина“, изјави претседателот на парламентот на Крим, Владимир Константиов.
Невремето остави без струја 400.000 луѓе во понеделникот наутро на Крим, каде временската прогноза не предвидува никакво подобрување освен дожд, снег и силни налети на ветер.
Украинските власти објавија дека повеќе од 2.000 места во 16 региони останале без струја, а повеќе од десетина автопати се затворени за возила.
Екстремните временски услови се случуваат кога десетици илјади војници се во првите редови на 21-месечната војна со Русија и по стравувањата дека Москва би можела да ја таргетира електричната мрежа со воздушни напади оваа зима.
Најмалку 1.370 товарни камиони заглавија, а 840 автомобили мораа да се влечат поради снежните наноси високи два метри на некои места, соопштуваат тамошните власти.
Според информациите на медиумите, јужна и централна Украина се најтешко погодени.
Повеќе од 1.500 спасувачи биле вклучени во масовните напори за чистење, според државните служби за вонредни состојби, кои објавија фотографии од автомобили, автобуси и камиони кои излетале од патиштата затрупани од снег.
Најголемиот приватен снабдувач со енергија во Украина, DTEK, рано во понеделникот објави дека успеал да го врати снабдувањето со електрична енергија на речиси 250 населени места.
Во неделата, градоначалникот на црноморското пристаниште Одеса ги повика жителите да останат дома, а властите предупредија дека водоснабдувањето е прекинато поради прекини на електрична енергија поради кои пумпите не работат.
Украинската гранична служба, исто така, во неделата соопшти дека Молдавија привремено го суспендирала пристапот на возила до нејзината територија од два премини во регионот Одеса.