ФОТО+ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ОСТАНА ОД ПАЛЕСТИНСКИОТ “БЕВЕРЛИ ХИЛС“ – Најелитната населба во Појасот Газа е претворена во пепел, а палатите на Хамас се сраменти со земја

На социјалните мрежи се појавија видео-снимки од беспилотни летала на кои се гледа тешко уништениот кварт во Појасот Газа срамнет со земја од страна на израелските одбранбени сили. Како што се наведува со видеото, станува збор за „елитниот“ дел од градот – таканаречениот Беверли Хилс во Појасот Газа.

Сите лидери на Хамас имаат свои палати овде. Или да кажам појасно, имаа свои палати“, се наведува со објавеното видео, а потоа се заклучува: „И да бидеме појасни, ИДФ штотуку започнува“.

Видео-снимката од уништениот елитен кварт погледете ја ОВДЕ.

Од палестинска страна наведуваат дека целосно е уништена богатата населба Ал Римал во срцето на Појасот Газа. Тие во објава на социјалните мрежи споделија неколку фотографии кои го покажуваат степенот на уништување, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.

Ова е она што остана од населбата Ал Римал во срцето на Појасот Газа. Ова беше богата населба полна со куќи, облакодери и бизниси. Огромната големина на уништувањето и загубата е поразителна“, напиша во објава на социјалната мрежа Х (Твитер), Нур Одех, која тврди дека е посветена на борбата за палестинската слобода.

Во коментарите била прашана дали е вистина дека се работи за станбена населба на Хамас, на што таа одговорила дека се работи за цивилни згради.

Целтаните згради се сите цивилни! Станбени населби, телефонска компанија, канцеларии за медиуми итн.“, опиша таа и истакна дека Појасот Газа е една од најгусто населените области во светот.

Во најновото ажурирање од властите во Појасот Газа, потврдено е дека повеќе од 1.000 Палестинци се убиени во израелските одмазднички напади од саботниот упад на Хамас.

Во деноноќните напади на Израел загинаа 1.055 луѓе, а други 5.184 се повредени.

Властите наведуваат дека две третини од повредените се жени и деца.

Сите болнички кревети се полни – лековите и медицинските потрошни материјали се при крај“, се вели во соопштението на властите.