ФОТО\ВИДЕО | “СИТУАЦИЈАТА Е КАТАСТРОФАЛНА!“ – Расте бројот на загинати во Јапонија: Многу луѓе се под урнатините, а се очекуваат и нови посилни земјотреси !?

Во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија на Нова година загинаа најмалку 55 луѓе, а спасувачките тимови во вторникот се обидуваа да стигнат до крајбрежните области каде што се стравуваше дека многу жители се заробени под илјадници уништени домови.

Во Сузу, град со нешто повеќе од 5.000 домаќинства во близина на епицентарот на земјотресот, според градоначалникот Масухиро Изумија, можеби се уништени 90 отсто од куќите.

Ситуацијата е катастрофална“, изјавил тој.

Земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала се случи во понеделникот попладне, поради што луѓето во западните крајбрежни области побегнаа на повисоките места бидејќи брановите од цунами ги однесоа автомобилите и куќите.

слика
Јапонија

Според јапонската метеоролошка агенција, од првиот земјотрес во понеделникот се регистрирани околу 200 последователни потреси. Агенцијата предупреди дека може да има посилни земјотреси во наредните денови.

Авион на крајбрежната стража, кој требаше да достави помош во областа погодена од земјотресот, се судри со комерцијален патнички авион на аеродромот „Ханеда“ во Токио во вторникот. Во тој процес загинаа пет членови на крајбрежната стража. Сите 379 во патничкиот авион на авио-компанијата „Japan Airlines“ се успешно евакуирани.

Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида, изјави дека размерите на штетата од земјотресот стануваат „сè појасни“ повеќе од 24 часа откако го погоди полуостровот Ното во префектурата Ишикава.

Владата распореди итни спасувачки екипи од силите за самоодбрана, полицијата и пожарникарите во областа и прави се што може за да ги спаси жртвите и преживеаните, но добивме извештаи дека се уште има многу луѓе кои чекаат да бидат спасени од под урнатите згради“, изјави Фумио Кишида.

Фумио Кишида вели дека околу 3.000 спасувачи имаат потешкотии да стигнат до северниот врв на полуостровот, каде зградите и инфраструктурата се тешко оштетени и многу пожари горат.

Многу железнички линии и летови до подрачјето на земјотресот се прекинати. Повеќе од 500 луѓе останаа блокирани на аеродромот „Ното“, кој беше затворен поради пукнатини на пистата и пристапниот пат и оштетување на зградата на терминалот.

Властите потврдија 55 загинати, сите во префектурата Ишикава, што го прави најсмртоносниот земјотрес во Јапонија од 2016 година.

Многумина загинаа во Сузу и Ваџима, друг град на оддалечениот северен врв на полуостровот Ното.

Многумина се повредени, а властите се борат со пожарите во неколку градови и извлекоа луѓе од урнати згради во вторникот.

слика
Јапонија

Никогаш не сум доживеал толку силен земјотрес“, рекол Шоичи Кобајаши (71 г.), жител на Ваџима кој бил дома на новогодишен ручек со сопругата и синот кога се случил земјотресот, па мебелот летал низ трпезаријата.

Папата и неколку светски лидери испратија пораки со сочувство, а претседателот на САДЏо Бајден, кажа дека САД се подготвени да и ја пружат сета потребна помош на Јапонија.

Владата на Јапонија нареди евакуација на околу 100.000 луѓе од нивните домови во понеделникот вечерта, испраќајќи ги во спортски сали и училишни сали, кои вообичаено се користат како центри за итна евакуација.

Речиси половина од евакуираните се вратија во своите домови во вторникот, откако властите ги укинаа предупредувањата за цунами.

Околу 33.000 домаќинства останаа без струја во префектурата Ишикава по ноќните температури под нулата. Повеќе од 100.000 домови немаат вода.

Земјотресот, исто така, се случи во чувствителен период за јапонската нуклеарна индустрија, која се соочи со жестоко противење откако земјотресот и цунамито во 2011 година предизвикаа топење на јадрото на реакторот во нуклеарната централа „Фукушима“ на источниот брег. Цели градови беа уништени, а речиси 20.000 луѓе загинаа.

Јапонија минатата недела ја укина забраната за работа на најголемата нуклеарна централа во светот, „Кашивазаки-Карива“, која е неактивна од цунамито во 2011 година.

Нуклеарната регулаторна управа соопшти дека не се пронајдени неправилности во нуклеарните постројки долж Јапонското Море, вклучително и пет активни реактори во постројките на Кансаи Електрик Пауер во Охи и Такахама во префектурата Фукуи.

слика
Јапонија

Фабриката „Хокурику Електрик Шика“, најблиску до епицентарот, исто така не работи од 2011 година. Компанијата соопшти дека по земјотресот во понеделникот имало прекини на струја и истекување нафта, но немало истекување на радијација.

Компанијата претходно соопшти дека се надева дека ќе го рестартира реакторот во 2026 година.