ФОТО\ВИДЕО | ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА – Снег го покри Минхен и околината, јавниот превоз е суспендиран, возовите запрени, летовите откажани…

Зимата во Германија пристигна со голема брзина. Северот на земјата се разбуди врзан со мраз, а на југ, во областа на Баварија, за многу кратко време паднаа околу 20 сантиметри снег. Најавено е продолжување на снежните врнежи, пишува Bild.

Обилните снежни врнежи доведоа до значителни потешкотии во сообраќајот во Баварија, а какви сцени ги затекнаа жителите утринава можете да погледнете ОВДЕ.

Аеродромите во Минхен ги прекинаа летовите, а има и прекин во железничкиот сообраќај, бидејќи е запрен меѓуградскиот сообраќај во поширокото подрачје на Минхен.

слика
Минхен

Полицијата во Минхен ги советува граѓаните да не ги изнесуваат своите автомобили на пат доколку не е апсолутно неопходно. Сите автомобили треба да бидат опремени со зимски гуми, а возачите да ја прилагодат брзината на возење и да внимаваат на растојанието.

Со оглед на обилните снежни врнежи, состојбата во сообраќајот е „исклучително захтевна“, а зимските служби прават се за да ги расчистат патиштата. Но, тоа е многу тешко поради снегот што постојано паѓа.

Поради постојан снежен хаос низ Баварија – а особено во Минхен – откажан е фудбалскиот натпревар помеѓу Баерн Минхен и Унион Берлин. Натпреварот беше закажан за оваа сабота во 15:30 часот.

слика
Минхен

Во Минхен, целиот локален јавен превоз освен метрото е суспендиран. Поради обилните снежни врнежи на патиштата се возила за отстранување снег, додека автобусите и трамваите мируваат.

Се очекува летовите на аеродромот во Минхен да бидат прекинати најмалку 12 часа поради обилните снежни врнежи. Досега се откажани меѓу 320 и 760 редовни летови.

Синоптичарите најавија нови врнежи, а може да наврнат и дури 25 сантиметри нов снег.