ФОТОГАЛЕРИЈА | АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ – Еруптираше вучканот Шивелуч: Облак висок 10 километри, куќите и околината покриени во песок
Вулканот Шивелуч, најсеверниот активен вулкан на територијата на Руската Федерација во областа Камчатка, еруптираше и исфрли облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај, соопшти Тимот за одговор за вулканска ерупција на областа Камчатка.
Одделот издаде ‘црвен аларм’, истакнувајќи дека голема количина на пепел патува западно од вулканот и дека во секое време може да се случи експлозија со пепел што исфрла до 15 километри во воздухот.
Локалните власти ги затворија училиштата и им наредија на жителите на околните села да останат во затворени простории бидејќи облакот од пепел може да се прошири на десетици километри околу вулканот.
Еден од најголемите и најактивните вулкани во Камчатка, Шивелуч имал околу 60 значајни ерупции во текот на изминатите 10.000 години, а последната голема се случила во 2007 година.
Локалните власти соопштија дека вулканот еруптирал во 06:31 часот по локално време, а насипот се проширил во селата оддалечени и повеќе од 70 километри. На жителите им е препорачано да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања.