ФОТОГАЛЕРИЈА | Кој вели дека со пари не може да се купи убавина !? Погледнете го радикалниот животен пресврт на ‘надежна’ адвокатка: “Денес заработувам 100.000 долари месечно!“
Дениз Роша, бразилска манекенка, адвокатка и поранешена советничка во парламентот, ја откри својата драматична физичка трансформација откако отвори профил на OnlyFans, платформа за возрасни.
Огнената Бразилка наводно потрошила 250.000 фунти за својот нов изглед.
Таа се приклучила на OnlyFans пред осум месеци откако некои обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм ја охрабриле да го направи тоа, но таа набрзо потоа решила да го подобри својот изглед со низа козметички зафати.
„Кога почнав да работам како фотомодел, забележав дека го немам профилот каков што бараат модните агенции“, изјавила инфлуенсерката за веб-страницата NudePR.com и додала: „Затоа направив некои естетски операции по нарачка“.
Дениз, која е од Бразил и има 2,4 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и има направено три процедури за зголемување на градите, две операции на носот и една липосукција.
И покрај за многумина шокантната цена, тоа не барало големи финансиски жртви за неа, бидејќи таа тврди дека заработува 100.000 долари месечно.
Адвокатката Дениз, која работела за федералниот истражен комитет на Сенатот, стана популарна набргу по позирањето за Плејбој, само еден месец откако ја напуштила работата. Таа тврди дека по естетски зафати заработува 90 пати повеќе од претходно.
„За мојот профил на OnlyFans во просек правам по две до три фотосесии и видеа неделно, а во слободното време правам фотосесии за различни брендови на долна облека, костими за капење и фитнес брендови“, открила таа во објава на социјалните мрежи.
Дениз потрошила околу 60.000 долари на нехируршки зафати, а се чини дека сите пари вределе бидејќи Дениз истакнува дека го сака својот нов изглед и кариера. Погледнете како огнената Бразилка изгледа денес: