ФОТОГАЛЕРИЈА | Крушката под круша паѓа – ќерката на Мадона привлече големо внимание со предизвикувачкото издание на голем моден настан во Њујорк
Лурд Леон, ќерката на „кралицата на попот“ Мадона, ја разбуди фантазијата кај „посилниот пол“ водејќи ревија на настанот на модниот бренд H&M во Њујорк за да ја прослави нивната соработка, пишува Daily Mail.
Пред камерите, 26-годишната Лурд Леон зрачела со самодоверба облечена во црн исечен костим со кој ја истакнала нејзината раскошна биста и завидна фигура. Убавиот едноделен комбинезон го стилизирала со луксузен црн капут кој заводливо го открива едното рамо и создал одлична сцена за фотографирање пред новинарите на црвениот тепих.
На црвениот тепих ѝ се придружила и легендарната Памела Андерсон, која изгледала сензационално во костим со црна мрежа што го комплиментираше нејзиното извајано тело. Комплетниот изглед го комплетриала со голема црна јакна, а на нозете носела лакирани штикли од модниот бренд Christian Louboutin.
Инаку, колекцијата H&M и Mugler им овозможува на љубителите на модата да добијат облека потпишана од покојниот дизајнер Тиери Муглер по пристапна цена.