ФОТОГАЛЕРИЈА | Ова е најсексапилната жена во светот: “Да беше жив Ботичели денес, наместо Венера, ќе ја насликаше токму неа!“
Плус-сајз моделот Ешли Греам (35 г.) е најсексапилната жена на светот за 2023 година по избор на магазинот Maxim.
Во главниот извештај за „лидерот“ на движењето на плус-сајз модели и застапник на природната женска убавина и облини, магазинот Maxim истакнува дека Ешли Греам внесе свеж воздух во модната индустрија.
Тие истакнуваат дека самодовербата на „кралицата“ со облини е заразна и инспиративна и докажува дека убавината доаѓа во сите облици и големини.
„Таа е уметничко дело што оди. Да беше Ботичели жив денес, би го отфрлил своето ремек дело ‘Раѓањето на Венера‘ и наместо тоа би ја насликал Ешли“, пишува магазинот.

Ешли Греам била „откриена“ кога имала 12 години во трговски центар во Небраска. Таа ја помина целата своја кариера проповедајќи ја важноста на самоприфаќањето и инспирирајќи ги луѓето ширум светот да ги сакаат своите тела без разлика на големината и обликот.
Магазинот заклучува дека Ешли Греам е вистинска икона за жените ширум светот, докажувајќи дека негувањето на уникатен стил и прифаќањето на природната убавина е врвен потег на моќ.
„Ешли, ти се поклонуваме“, пишува магазинот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ НА ЕШЛИ ГРЕАМ ОВДЕ.