ФОТОГАЛЕРИЈА | Секоја чест за Новак Ѓоковиќ, но Вимблдон има свој миленик: Погледнете како публиката му се поклони на еден од најдобрите – Роџер Федерер!
На вториот ден од Вимблдон, на централниот терен застанаа третата тенисерка во светот, Елена Рибакина и Американката Шелби Роџерс (ВТА 49.). Елена Рибакина победи со резлутат од 2:1 (4:6, 6:1, 6:2), а натпреварот беше накратко одложен поради дождливото време.
Сепак, на навивачите не им беше досадно, бидејќи пред почетокот на дуелот, на теренот се појави миленикот на лондонската публика – големиот Роџер Федерер.
Седумкратниот победник на Вимблдон и неговата сопруга Мирка, исто така поранешна тенисерка, навивачите ги пречекаа со громогласен аплауз, а Швајцарецот предизвика делириум на трибините. Роџер Федерер отсекогаш бил миленик на публиката, речиси во сите делови на светот, а особено во Лондон. Во негова чест беше одржана церемонија, а го пречека принцезата од Велс Кејт Мидлтон.
Видео-снимката од пристигнувањето на Роџер Федерер на Централниот терен погледнете ја ОВДЕ.
Да потсетиме, Роџер Федерер е рекордер по бројот на титули на Вимблдон, има осум трофеи, но веќе по неговото пензионирање би можел да го подели тронот со Новак Ѓоковиќ, седумкратниот освојувач.