ФОТОГАЛЕРИЈА | УЖАС И ТАГА – Погледнете како изгледаше протестот против властите во Србија и палењето свеќи во чест на загинатите деца во Белград
Главниот град на Србија, Белград, вечерва беше обвиен во црно поради страшниот масакр што го изврши 13-годишно момче убиец во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Претходната вечер, голем број граѓани (според некои проценки повеќе од 1000) се собрале пред зградата на Министерството за образование на Србија во Белград и побараа оставки од надлежните лица.
Граѓаните оставија цвеќе и запалија свеќи во спомен на жртвите од масакрот. Погледнете ги морничавите сцени од центарот на Белград, каде граѓаните во ужас се собраа да оддадат почит на жртвите.