Фотографиите на Бред Пит за кои се зборува: Тешко е да се поверува дека актерот наскоро ќе наполни 60 години

Новите фотографии на Бред Пит се причина за бројни коментари на социјалните мрежи. Многумина поради неговата младост не можат да поверуваат дека наскоро ќе наполни 60 години.

Актерот позираше со мотоцикл БМВ, кој го доби на подарок од извршниот директор на Sony Pictures за работата на филмот „Bullet Train“.

„Дали е можно да има скоро 60 години?“, „Изгледа подобро од 20-годишник“, „Дефинитивно е еден од најжешките актери на сите времиња“, „Се прероди по разводот со Анџелина “, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

„Тој не се обидува да изгледа помладо, но изгледа како најздравата верзија на себе. Изгледа дека Бред се грижи за своето лице и врат и ги штити од сонцето и ја одржува кожата еластична на овој начин“, рекол д-р Костасу Папагеоргиу, директор на Њујоршката дерматолошка група.

Тој додаде дека верува оти славниот актер не отишол „под нож“ или не вбризгал ботокс.

„Иако Бред може да направи операција блефаропластика за да ги „поправи“ горните очни капаци, тој е доволно паметен да го избегне тоа и да го задржи својот природен изглед“, рече тој.

Извор неодамна за американските медиуми откри дека врската помеѓу Пит и неговата 30-годишна девојка Инес де Рамон станува се посериозна. Тие почнаа да се забавуваат на крајот на минатата година.