Фотографите ја обожаваа, а моделите на денешницата не можат ни да и се „доближат“ на нејзината убавина
Поминаа толку години, а Ким Алексис и во седмата деценија го одзема здивот со својот изглед.
Американскиот супермодел и актерка Ким Алексис беше многу позната во доцните седумдесетти и во текот на осумдесетите.
Руса коса, сини очи и исончан тен беа нејзиниот заштитен знак. Таа беше омилен модел на познатиот фотограф Ричард Аведон, а со својот ангажман го промени светот на модната индустрија.
Таа ги красеше насловните страници на списанијата „Спорта Илустрејда“, „Вога“, „Харперс Базар“, „Космополитена“, а во 1983 година стана заштитно лице на „Ревлон“ на местото на познатата Лорен Хатон.
Таа денес ретко се појавува во јавноста, а годинава за магазинот „Пипл“ откри зошто се повлече од „светот на рефлекторите“.
„Луѓето очекуваат да изгледаме исто како кога сме биле млади. Не смееме да старееме, а тоа не е фер“, отворено зборувала за проблемите со кои се соочуваат топ моделите.
И покрај нереалните очекувања, Ким успеа да излезе од „канџите“ на јавноста, па сега живее помирен живот.
“Се чувствувам одлично. Конечно го сакам своето тело и себеси”.
Поранешната ѕвезда на модната писта се соочила и со симптоми на менопауза, поради што се наталожиле вишок килограми.
“Морав да научам како да се справам со тоа, како да имам поголема толеранција кон себе и да го прифатам моето ново тело. Се уште се обидувам да разберам некои работи – како да стареам достоинствено, природно и убаво”, рекла Ким.
Оваа 64-годишна убавица е на добар пат да ја прифати својата вистинска убавина, бидејќи и во седмата деценија ви го одзема здивот со својот изглед.