Фотографијата на Меланија Трамп за време на нејзината посета на Велика Британија стана вирална на мрежите: „Ламба од Икеа“ (фото)
За време на нејзината официјална посета на Велика Британија на 17 септември, Меланија Трамп го привлече вниманието на јавноста со својот впечатлив шешир, а нејзината фотографија брзо стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни коментари и шеги.
Имено, за оваа пригода, Меланија се одлучи за темно син костум со струк кој ја нагласуваше нејзината фигура. Комбинацијата ја надополни со виолетова шапка која ја покриваше половина од нејзиното лице, па при движење во одредени моменти изгледаше како да не може да види во која насока оди.
Видеата и фотографиите од настанот брзо станаа вирални, а критичарите на социјалните мрежи ги објавуваа своите коментари. Многумина се шегуваа дека шапката личи на „конусот на срамот“, популаризиран во цртаните филмови како симбол на казна за кучињата.
Некои тврдат дека Меланија „не сака да биде видена“ покрај својот сопруг, потсетувајќи на шпекулациите дека спие во посебна соба од Доналд додека е во Лондон.
Исто така, некои се шегуваа дека наликува на ламба.
„Срам да и’ е“, „Таа секој пат мора да биде фотографирана покрај него“, „Дали сме сигурни дека е таа, а не Џеј Ди Венс во фустанот“, „Тој моден додаток сигурно го држи Доналд подалеку од нејзиното лице“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Ова не е првпат Меланија да користи шапка за да го покрие лицето. Порано оваа година, за време на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, таа се појави во темно одело со широка шапка што буквално го спречи Доналд да ја бакне.
„Очигледно ѝ е непријатно и не гледа добро. Зошто воопшто носи оваа шапка?“, „Овој моден додаток криеше половина од нејзиното лице. Ужасно“, „Изгледа елегантно“, „Сосема во ред моден избор“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.