Фотографијата на Надал од дневната соба предизвика лавина коментари:  Го гледаше мечот против Хрватска со пиво, а еден детаљ ги збуни сите! (фото)

Познатиот шпански тенисер Рафаел Надал во придружба на сопругата и сестрата Марибел го следеше мечот меѓу Шпанија и Хрватска на стартот на Европското првенство.

Да потсетиме, фудбалерите на Шпанија убедливо со 3:0 ја совладаа Хрватска во првиот натпревар од групата Б на Европското првенство во Германија.

Надал, кој е голем љубител на фудбалот, натпреварот го следеше на ТВ пренос.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која славниот Шпанец во друштво на сопругата Чиска и сестрата Марибел со пиво и пица го гледа натпреварот и во својата дневна навива за Шпанија.

Еден детаљ од таа слика привлече посебно внимание. Голем број коментари се должат на ова, сите се прашуваа зошто неговиот телевизор е во аголот. „Погледнете колку лошо го постави телевизорот“, „Побогу, погледнете каде го стави телевизорот“, „Дали тој телевизор падна од ѕид, чудна положба“, беа само дел од коментарите.